Еден Азар конечно се врати!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По три месеци пауза продолжува шпанската Ла Лига, а вечерва на теренот ќе биде Реал Мадрид, кој од 19.30 часот ќе се пресмета против Еибар.

Освен тоа што ќе може повторно да се гледа шпанскиот фудбал, навивачите на „кралскиот клуб“, како и тренерот Зинедин Зидан ги радува тоа што во составот се враќа Еден Азар.

Азар во февруари заработи тешка повреда, поради што беше опериран, но паузата му помогна да се рехабилитара и сега да се врати во форма.

Белгиецот се враќа во составот, а тоа го потврди и тренерот Зидан, кој кажа дека во тимот се очекува враќање и на Марко Асенсио, кој исто така беше повреден.