Еден фудбалер од средината на теренот на Барселона потврди дека останува во клубот

Постојано во јавноста се шпекулира дека некои фудбалери ќе го напуштат таборот на Барселона во летниот преоден рок.

Тука предничат играчите од средниот ред кои се пренатрупани во Барселона и од кои некои со сигурност ќе си одат од тимот.

Бразилскиот играч, Артур, иако се поврзуваше со заминување од Барса, сепак ќе остане на „Камп Ноу“ и следната сезона и него ќе му се даде нова шанса да се избори за стандардно место во тимот.

Артуро Видал и Иван Ракитиќ речиси сигурно ќе си одат од Барселона и веројатно ќе се преселат во Серија А.