Еден од најдобрите ракометари изненадно го напушти ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот ракометар Лук Абало замина од ПСЖ и потпиша за норвешки Елверум.

Познатото десено крило на Французите и еден од најдобрите ракометари во светот во минатата деценија со Елверум потпиша двегодишен договор.

Абало беше пред крај на кариерата, а во редовите на ПСЖ помина осум години.

Тој стигна во 2012 година од Атлетико Мадрид, но не успеа да ја освои Лигата на шампиони, но затоа освои шест титули во француската лига.

Елитното натпреварување успеа да го освои со Сиудад Реал во 2009, а големи успеси оствари и со националната селекција.

Од Олимписките игри има три златни медали и едно сребро, на Светското првенство освои три златни медали и еден бронзен, а на Европското првенство освои три златни медали и две бронзи.