Едерсон пред финале на ЛШ покажа зошто е доктор за голови од пенал 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити вечерва ќе се соочат против Челси во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Љубителите на фудбалот со нетрпение очекуваат една од највозбудливите натпревари сезонава затоа што вечерва ќе добиеме нов европски шампион.

За Манчестер сити ова ќе биде прво финале во историјата на клубот, додека Челси ќе се обиде да го освои вториот трофеј во најелитното клупско натпреварување.

Пред неколку дена во центар на внимание беше голманот Едерсон, кој кажа да го изведе решавачкиот пенал доколку победникот се решава при изведување на пенали.

Едерсон на тренингот на „Драгао“ реши да демонстрира како изведува пенали, а камерите го забележаа моментот.