Една буква што може да направи: Навивачи на Ливерпул стигнале во погрешен град (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул синоќа убедливо славеа во Белгија против Генк со 4-1, во третото коло од Лигата на шампиони, но не стигнаа сите навивачи на европскиот шампион да ги следат своите омилени фудбалери.

Белгиските медиуми објавија приказна за двајца навивачи на Ливерпул, кои стигнале од Англија во Белгија со влезници во рацете, но наместо во Генк, тие стигнале во Гент.

Новинарите ги забележале синоќа на улиците на Гент додека безуспешно се обидувале да го пронајдат стадионот на Генк.

Кога на крајот разбрале дека направиле голема грешка, не им останало ништо друго, освен да заминат во еден локал и на ТВ да го гледаат дуелот.