Една од најдобрите американски кошаркарки ќе „заглави“ во руски затвор!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бритни Грајнер, која е една од најдобрите кошаркарки во светот и член на Екатеринбург, може да остане во руски затвор до 10 години, откако притворот ѝ беше продолжен до 19 мај.

На кошаркарката ѝ била откриено масло од канабис во куферите, па поради тоа била уапсена и според новата одлука ќе остане во притвор уште два месеци.

Руската државна агенција објави дека адвокатот на кошаркарката побарал таа да биде префрлена во домашен притвор до почетокот на судењето. Тој тврди дека руските власти нелегално ја држат зад решетки.

Грајнер успеа двапати да го освои златниот медал со САД, а победи и во ВНБА-лигата со Феникс, додека седум пати беше на Олстарот.