„Еднаш реков и тоа ќе го повторам, Сари го предаде Наполи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Сари неодамна стана нов тренер на Јувентус.

Италијанецот стигна во Торино откако една сезона помина во Челси, а претходно три сезони беше на клупата на Наполи.

Многу навивачи, но и играчи на овој клуб не ја дочекаа оваа вест со воодушевување, а еден од нив е и Лорензо Инсиње кој смета дека потегот на Сари е предавство.

„Реков и повторно ќе кажам, за нас Наполитанците тоа е предавство. Сега мораме да се фокусираме на себе и ќе пробаме да го победиме. Скудетото е сон за сите нас и ќе пробаме уште еднаш“, рече Инсиње.

„Нема волшебна топка која ќе ни каже кога ќе го освоиме Скудетото, но како и секоја година, ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни до крај“.

Инсиње се поврзуваше со заминување во ПСЖ, но истакнува дека е среќен во Наполи.

„Не, сеуште сум млад. Среќен сум во Наполи и сакам да останам овде до крајот на својата кариера. Голот кој го постигнав против Реал Мадрид пробуди силни чувства во мене и се надевам дека младите деца од Наполи ќе го доживеаат тоа во иднина“, додаде Инсиње.