Ефектот на Меси: Влезниците за дуелите на Интер Мајами поскапеа за 16 пати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси потпиша договор со Интер Мајами, а веднаш се почувствува ефектот во МЛС-лигата бидејќи билетите за натпреварите на клубот поскапеа за 16 пати.

Меси имаше неверојатна финансиска понуда од Саудиска Арабија, но реши дека е најдобро да потпише за клубот на Дејвид Бекам.

Голема улога во ангажирањето на Меси одиграа „Адидас“ и „Епл“ со кои Аргентинецот има спонзорски договори.

Интересно е тоа што цената на влезниците за неколку часа скокна од 29 на 467 долари.