ЕХФ даде дозвола: Митревски ќе игра против Црна Гора!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација доби засилување пред останатите предизвици на Европското првенство (ЕП), па така голманот Никола Митревски ќе биде во конкуренција за дуелите против Црна Гора и Данска.

Митревски го пропушти првиот натпревар против Словенија, кој го загуби Македонија со 25-27, но и покрај тоа Мартин Томовски беше неверојатен со 14 интервенции.

ЕХФ потврди дека Митревски ќе биде дел од составот на Македонија откако ги објави ракометарите достапни за вечерашниот натпревар, кој се игра од 18 часот.