ЕХФ ги одреди судиите за мечот меѓу Македонија и Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација утре од 18 часот го почнува настапот на Европското првенство (ЕП), а првиот меч го игра против Франција.

Натпреварот ќе биде историски затоа што ќе се одигра на фудбалски стадион и ќе бидат присутни околу 55.000 гледачи.

ЕХФ веќе ги одреди и судиите за утрешниот натпревар, па така утре правдата ќе ја делат Швеѓаните, Мирза Куртагиќ, Матијас Ветервик, а како делегати се Владимир Ранчик и Јан Кампан.

Македонија се наоѓа во група уште со Германија и Швајцарија.