ЕХФ го одложи мечот меѓу Металург и Висла!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Металург ќе мора да почека за меч против Висла, кој требаше да се одигра денеска, но истиот е одложен откако еден играч на екипата од Автокоманда покажал симптоми и имал позитивен тест на ковид-19 пред мечот против Младост Богданци, поради што цел тим оди во 14-дневен карантин.

ЕХФ потврди дека мечот е одложен и сега се бара нов термин за одигрување на средбата меѓу екипите. Следниот меч на тимот од Автокоманда во европското натпреварување треба да биде против Адемар Леон во Шпанија на 17 ноември.

Металург во моментов има двајца позитивни ракометари и еден член од стручниот штаб.