ЕХФ потврди: Вардар директно ќе игра во ЛШ!

Европскиот шампион Вардар денеска доби одлични вести од страна на ЕХФ затоа што следната сезона ќе настапува директно во Лигата на шампиони, додека Еурофарм Работник и Куманово се на листа на чекање за место во елитата.

Вардар доби нов газда неодамна, па амбициите на клубот се големи и целта е пласман на Ф4 во ЛШ, па можеби и повторно освојување на титулата, иако патот до таму нема да биде воопшто лесен.

Еурофарм Пелистер чека во моментов да го повикаат во елитното натпреварување, а дополнително место сакаат и Нант, Адемар Леон, ПИК Сегед, Висла Плок и Спортинг Лисабон.

Во женска конкуренција Куманово чека повик од страна на ЕХФ за настап во елитното натпреварување.