Ексклузива на познат француски медиум: Мане е во преговори со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според познатиот француски спортски медиум „Ле10 спорт“, фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане е во преговори со Реал Мадрид.

Зинедин Зидан го посочил фудбалерот на Ливерпул како идеално решение за тимот и одличен партнер за нападот на Карим Бензема и Еден Азар.

„Кралевите“ се очекува да се ослободат од Герет Бејл со што ќе ослободати завидна количина средства кои ќе бидат искористени во намерата за ангажман на сенегалскиот фудбалер.