Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германија со рутирнирана игра се пласира во четвртфиналето на ЕП, стрелци на головите беа Боатенг, Гомез и Дракслер.
Словачка може да биде задоволна што по првите 45 минути прими само два гола. Германците имаа голем број на одлични шанси, а промашија и пенал во 14 минута, поради тоа што непрецизен беше Месут Озил.
Во 10 минута од дуелот Џером Боатент со прекрасен волеј – удар постгигна погодок, додека на 2:0 зголеми Марио Гомез во 43 минута.
Во 63 минута од дуелот фантастичниот Хулиан Дракслер реагираше во манир на расен стрелец после корнерот за неговата репрезентација, и со убав волеј – удар ја испрати топката во мрежата за конечни 3:0.