Елмас добива нов договор од Наполи, но дали ќе го прифати?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе добие награда за одличните настапи за Наполи. „Кориере дело Спорт“ објави дека клубот подготвил договор до 2028 година.

Елмас оваа сезона одигра само 21 минута кај новиот тренер Руди Гарсија, па дали ќе потпише нов договор со тимот зависи од минутажата која ќе ја добива.

„Елмас во Скопје му покажа на Руди Гарсија кој е и колку е важен“, објави медиумот „Ил Матино“.

Македонскиот фудбалер има договор со Наполи до јуни 2025 година, а интерес за неговите услуги покажаа Ливерпул, Борусија Дортмунд и Интер.

Во моментов заработува плата од 1,5 милиони евра годишно, а во Неапол се пресели во 2019 година.