Елмас добива нов тренер: Гатузо е пред отказ во Наполи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Елиф Елмас наскоро би можел да добие нов тренер, затоа што му се „тресе“ столчето на Џенаро Гатузо по лошите резултати на Наполи.

Италијанските медиуми објавија дека Гатузо има уште една недела да ги подобри резултатите, а ако испадна од италијанскиот Куп и загуби од Јувентус, тогаш тоа ќе биде крај за Италијанецот.

Според медиумите Аурелио Де Лаурентис му е лут на Гатузо поради лошите резултати, па наводно почнал преговори со Рафаел Бенитез и Валтер Мацари, кои би можеле да го заменат Италијанецот на кормилото.