Елмас и другарите во следното коло можат да станат шампион на Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи по пауза од 33 години е на праг да го освои скудетото во италијанското првенство, по вчерашната победа против Јувентус (1-0) со асистенцијата на македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

Екипата од Неапол има 17 бодови предност пред Лацио, а 19 пред Јувентус и останува само математички да ја потврдат титулата, а тоа може да се случи уште во следното коло.

Наполи в сабота треба да слави против Салернитана, а потоа Лацио да не победи против Интер во Милано, со што екипата на Елмас ќе има недостижни 19 бодови на шест кола пред крајот.

Елмас има неверојатна сезона за калчолигашот, па досега постигна шест гола и три асистенции.