Елмас: Имаме тежок натпревар, ќе играме за цела држава!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија в четврток од 18.00 часот ќе се пресмета против Грузија во натпревар кој би можел да ни донесе пласман на Европското првенство во 2021 година.

Елиф Елмас даде изјава за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) пред важниот натпревар.

„Играме големо финале, еден меч и многу борба. Ќе биде тешко и влогот е голем, но за да успееме ќе мора да го дадеме максимумот. Ни треба концентрација во сите 90 минути. Грузија има цел да се пласира на Европското првенство, но многу работи на теренот зависат од нас. Оптимисти сме, ќе играме за себе, но и за цела држава“, вели Елмас.

Фото: ФФМ