Елмас конечно стана капитен на Наполи: Чувството е неверојатно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по 128 меча за Наполи конечно ја доби капитенската лента на калчолигашот.

Елмас имаше чест да ја носи капитенската лента на дуелот против третолигашот Јуве Стабија, кој му припадна на Наполи со 3-0.

Талентираниот фудбалер по мечот зборуваше за неговиот настап, но и за неговите колеги од кои е задоволен.

„Ова беше убаво попладне и неверојатно чувство да се носи капитенската лента. Ви благодарам за поддршката. Среќен сум со новите фудбалери, тоа се играчи со голем квалитет кои ќе ни помогнат. Верувам дека оваа група фудбалери може да постигне многу успеси. Почнуваме со напорна работа со цел да оствариме позитивен резултат против Фиорентина во следното коло“, кажа Елмас.