Елмас не е среќен и му испрати порака на Спалети: Мојата прва љубов… (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не добива голема минутажа оваа сезона во екипата на Наполи, па поради тоа не е среќен и испрати порака преку Инстаграм до неговиот тренер Лучано Спалети.

Спалети не му дава премногу шанса на Елмас на теренот, а македонскиот репрезентативец објави фотографија од клупата за резервни играчи.

„Мојата прва љубов – клупата…“, напиша Елмас и го покажа своето незадоволство, па сега на потег е тренерот Спалети.

Елмас досега одигра само 293 минути оваа сезона, а Наполи се наоѓа на втората позиција во Серија А со 23 бодови, односно еден помалку од лидерот Аталанта.