Елмас преку лето му помага на својот татко и продава сладолед (Фото)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја дели соблекувалната со едни од најдобрите фудбалери во Бундеслигата, но за лето се враќа во Македонија.

Германски „Билд“ направи репортажа за македонскиот фудбалер и откри дека Елмас му помага на совјот татко во семејната слаткарница „Мандарина“ во Автокоманда.

„Уживам кога сум во татковината, иако и на краток период. Тука се опуштам и ја чистам главата. Голем дел во тоа има и фактот што деновите ги поминувам со мојот татко во слаткарницата“, кажа Елмас.