Емануеле Џакерини направи трансфер на кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Италија, Емануеле Џакерини одлучи да го напушти Сандерленд и да се врати во Серија А.

Џакерини пред три години го напушти Јувентус и замина во Сандерленд, но не се наигра. Минатата сезона италијанскиот репрезентативец ја помина на позајмица во Болоња, а после одличното одиграното ЕП не му беше тешко да најде нов клуб.

31-годишниот фудбалер денес потпиша 3-годишен договор со Наполи. Наполи плати 1.5 милион евра плус бонуси. Тој годишно ќе заработува 1.4 милиони евра.

Џакерини минатата сезона во Серија А во дресот на Болоња одигра 28 натпревари и постигна 7 погодоци. Во дресот на Сандерленд запиша 43 натпревари и 5 пати ја затресе противничката мрежа.