Ембид може да бира за кого ќе игра на Олимписките игри во Париз

Камерунскиот центар на Филаделфија, Џоел Ембид има две понуди за тоа чиј репрезентативен дрес да го носи во иднина.

Ембид има американско и француско државјанство и треба во следниот период да избере за која селекција ќе настапи на Олимписките игри следното лето.

„Ќе дадам краток одговор. Разговаравме со него, тој има повеќе опции. Ембид е одличен кошаркар и сакаме да игра за нас“, кажа генералниот директор на САД, Грант Хил.

Ембид доби покана и од Франција да заигра за селекцијата во Париз, па конечната одлука останува на него.