Емери на тешки маки: Арсенал има мизерен буџет за наредната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал синоќа по победата на гостувањето кај Наполи се квалификуваше во полуфинале на Лига Европа, каде што ќе се пресмета со Валенсија.

Освен низ Лига Европа, Арсенал има шанса да се бори за Лигата на шампиони и преку првенството на Англија, каде што се бори за трето или чеврто место.

Тренерот Унај Емери се надеваше дека на лето ќе донесе големи засилувања, но очигледно нема да се случи такво нешто, зашто Арсенал ќе има само 80 милиони евра за нови фудбалери.

Тоа значи дека Емери ќе мора да се откаже од Самуел Умтити, кој вреди 70 милиони евра и не сака да го потроши цел буџет на него.

Умтити во Барселона стигна во 2016 година од Лион, па одигра 93 натпревари за Каталонците, а постигна два гола.