Емери се враќа во Ла Лига, потпиша и договор со новиот тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиум пишуваат дека Унај Емери наскоро тренерската кариера ќе ја продолжи во Шпанија. Тој, наводно, потпишал пред-договор со Вилјареал за следната сезона.

Сегашниот тренер Хави Калеја ја препороди „жолтата подморница“, која врза седум победи по ред и на крајот заврши на петтото место.

„Не знам каква ќе биде мојата иднина, но јас имам чиста совест затоа што ги исполнив сите барања. Прво клубот треба да разговара со мене бидејќи имам договор“, кажа Калеја.

Емери тренерската слава ја достигна во Севилја со која ја освои Лига Европа, а потоа работеше во ПСЖ и Арсенал.