Емоции какви што не се паметат: Моментот кога Меси се збогуваше со колегите од Барселона 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси денеска се збогуваше од Барселона на прес-конференција, а веста дека заминува од каталонскиот тим го потресе фудбалскиот свет.

Аргентинецот по 21 година го напушти тимот на Барселона и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, а таа информација ја пренесе и „ЕСПН“, како и „Л’Екип“.

Заминувањето на Меси ги погоди навивачите на Барселона кои не ги запреа емоциите, но и фудбалерите на Барселона со кои Аргентинецот имаше посебно збогување.

Покрај играчите на Барселона, Меси се збогуваше и со останатите вработени во тимот, а со ова заврши една голема ера во светскиот фудбал.