Емоциите беа посилни од сè: Дел Потро заплака во последниот гем и ја остави лентата на теренот 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро го одигра својот последен натпревар во кариерата, која ја завршува на 33-годишна возраст.

Мечот против Федерико Делбонис беше исполнет со емоции, а на последниот сервис, 33-годишниот Дел Потро се скрши и почна да плаче.

Познатиот аргентински тенисер така му кажа збогум на професионалниот тенис на кој се врати по пауза од три години поради тешки повреди.

„Дадов сè од себе до последен момент. Среќен сум затоа што мојот послден гем е одигран на терен, а не на прес-конференција. Веројатно повеќе никогаш нема да се видиме. Ова е крај на мојата кариера“, кажа Аргентинецот.

Лентата која му беше заштитен знак на глава во текот на кариерата, Дел Потро ја остави на мрежата и така го потврди својот крај.

Најдобро пласиран беше во 2018 година, кога стигна до третата позиција, а во кариерата освои само една гренслем-титула, и тоа на Ју-Ес опен во 2009 година.