Емоциите повторно го совладаа Миралем Пјаниќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Миралем Пјаниќ одигра многу добар натпревар во гостинскиот триумф на Јувентус против Џенова од 1:3.

Ова е прв натпревар што го играше Пјаниќ откако беше објавено дека ќе го носи дресот на Барселона од следната сезона и дека е постигнат договор за размена со каталонскиот клуб за Артур Мело.

По натпреварот, Миралем имаше јасна порака за сите навивачи на Јувентус.

„Максимумот што ќе го дадам е минимум што можам да ви го ветам“, рече Пјаниќ по натпреварот.

Фановите на клубот од Торино веќе се збогуваат со босанскиот играч во коментари на социјалните мрежи кај ѕвездата и покрај тоа што ќе биде во Торино најмалку уште еден месец.