Емотивната сцена со Џордан од соблекувалната ќе го скрши секое срце! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Документарец за некој спортист одамна не привлекол толку големо внимание како „Последниот танц“, кој го раскажува животот на Мајкл Џордан.

Во осмата епизода од серијата, Чикаго булс ја освоија четвртата титула во НБА-лигата, а тоа беше сезона во која кошаркарот се врати по смртта на неговиот татко.

Чикаго во финалната серија го победија Сиетл суперсоникс со 4-2, а победата за титулата беше остварена на 16 јуни.

Во документарецот може да се забележи емотивна сцена во која Џордан лежи на подот на соблекувалната со топката во раце и плаче од болка поради загубата на татко му,кој е убиен три години претходно.

Џејмс Џордан го загуби животот на 23 јуни 1993 година. Него на одморалиште покрај автопат го застрелале Даниел Грин и Кери Мартин Демери, кои се осудени на доживотен затвор.