Емре Чан пред повраток во Премиер Лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Везниот играч на Јувентус, Емре Чан можно е во јануари да се врати во Премиер Лигата.

Според наводите на Скај Спортс, Манчестер Јунајтед сериозно е заинтересиран за услугите на 25-годишниот германски везен и ќе пробаат да го ангажираат во зимскиот преоден рок.

Чан неодамна јавно го изрази своето незадоволство поради слабата минутажа која ја добива во Јуве, кој ова лето го превзеде Маурицио Сари.

„Не сум среќен моментално. Не играм нешто повеќе за разлика од изминатата сезона, кога играв доволно? Посебно во најважните натпревари? Не добив шанса оваа сезона, но сакам повеќе да играм“, истакна Чан.

Сега му се отвора можност за нов трансфер. Тимот од Олд Трафорд бара засилување во својот везен ред, а Чан е на врвот на листата на приоритети на менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскер.

Германскиот фудбалер во 2018. година пристигна во Јувентус од Ливерпул, каде што играше четири години, а настапуваше и за Баерн Леверкузен и Баерн Минхен.

Во дресот на Старата Дама има настапувано 40 пати и има постигнато 4 погодоци.