Енцо асистира, Феликс дава голови, но Челси никако да победи (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси одигра 1-1 против Вест хем во 22. коло од Премиерлигата и направи чекор назад во битката за позициите кои водат во Европа следната сезона.

Првиот гол на Челси го постигна Жоао Феликс по одлична асистенција на Енцо Фернандез, додека резултатот го израмни Емерсон во 28. минута.

Во продолжение имаше уште неколку шанси на двете страни, а мечот го одбележа и контроверзна ситуација во финишот, кога Соучек со рака ја удри топката во казнениот простор на Вест хем, но судијата не покажа на белата точка.

Челси има 31 бод на деветтата позиција, односно девет помалку од топ-4.