Енрике ја докажа класата: Во сите сегменти го надмина Пеп Гвардиола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа со голот на Иван Ракитиќ во 21 минута славеше со 1:0 кај Атлетик на Сан Мамеш, а пред речиси 50 000 гледачи блауграната сруши и неколку рекорди.

Луис Енрике продолжува да испишува историја со спектакуларни бројки. Стигна до 100 победи од само 126 натпревари колку што ги води. Пеп Гвардиола на пример му требаа 139 во неговата “атомска“ Барса.

Енрике од Пеп е подобар и во постигнати голови (359 спрема 339), но и помалку примени голови (91 спрема 108).

Во тој период од 100 победи Енрике и Пеп се израмнети по прашањето на поразите (13:13), но кога титулите се во прашање и едниот и другиот се на осум. Пеп ги собра во четири години, а дали Енрике ќе до надмине, времето ќе покаже.

Со Енрике свој рекорд сруши и Марк Андре тер Штеген. Германскиот голман имаше рекордни 62 додавања, од што 51 успешни. Со тоа неговата мрежа остана недопрена веќе пет натпревари, што му е најдобра низа во сите натпреварувања.

Иван Ракитиќ постигна вкупно 18 голови за Барса во сите натпреварувања, но само три со глава. Лео Меси одигра 350 натпревари во првенството (314 голови), а Барселона против Атлетик на голот шутираше само два пати, што последен пат се случило во јануари против Еспањол…