Ердоган не ги пушта играчите на Башакшехир да се вратат на терен во Париз?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наводно, се вмешал во инцидентот кој се случи синоќа во Париз, па им наредил на фудбалерите на Башакшехир да не се вратат на теренот за мечот потив ПСЖ.

Играчите на Башакшехир синоќа го напуштија теренот, откако четвртиот судија наводно расистички го навредил Вебо, па сега италијанскиот новинар Алесандро Ачијато откри детали дека турскиот претседател нема да им дозволи да се одигра натпреварот.

„Претседателот ни нареди да не се враќаме на терен“, му кажал некој од фудбалерите на турскиот тим на Ачијато.

Да потсетиме, овој натпревар треба да се одигра денеска од 18.55 часот со други судии.