Ердоган „распали“: Отворањето на ЛОИ во Париз е навреда за христијаните и за нас!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го коментираше отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз и кажа дека е извршен грозен потег против христијанскиот свет.

Многумина ја осудија сцената која потсетува на „Тајната вечера“ и Ердоган порача дека потегот бил за исмејување на христијанството и Исус Христос.

„Претседателот Емануел Макрон ме покани. Реков дека можам да дојдам, но мојата внука ми кажа да не одам затоа што ќе организираат настан на ЛГБТ заедницата и ми покажа слики од Инстаграм. Срамната сцена во Париз не го навреди католичкиот и христијанскиот свет, туку и нас. Револтирани сме“, кажа Ердоган.