Ерера не знаеше што му се случи: Анхел Ди Марија го исплаши својот соиграч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ се подготвуваат за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта.

Парижаните утре ќе играат против Аталанта во Лисабон, што е најпријатното изненадување оваа сезона. ПСЖ е голем фаворит во овој дуел, но Аталанта покажа дека може да се справи со сите екипи.

Француските медиуми пренесуваат дека атмосферата во тимот на ПСЖ е одлична, и дека играчите на овој тим сакаат конечно да стигнат до титулата европски шампион.

Видеото објавено од ПСЖ покажа дека атмосферата во тимот е одлична. Имено, Ди Марија реши да се скрие после вечерата и да чека неговиот соиграч Андер Ерера да го исплаши и во тоа успеа.

Шпанецот не очекуваше вакво нешто од неговиот соиграч и искрено се исплаши, и на крајот го впери средниот прст кон камерата.

View this post on Instagram

Peek-a-boo ?? @angeldimariajm @anderherrera

A post shared by 433 (@433) on