„ЕСПН“: Барселона избра нов тренер, наскоро следи официјална потврда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Состанокот на управата на Барселона трае повеќе од три часа, а јавноста со нетрпение ја очекува одлуката на клубот.

Жозеп Марија Бартомеу ги собра сите членови од раководството за да одржат состанок по срамот во Лигата на шампиони. Иако навивачите бараат да замине Бартомеу, сепак тоа нема да се случи.

Прв чекор кој очекувано треба да се направи е промената на тренер, зашто познато е дека Кике Сетиен ќе добие отказ,а медиумите открија кој ќе седне на кормилото на Каталонците.

Како што открива новинар на „ЕСПН“, клубот се решил да го постави Роналд Куман за нов стратег, а наводно тој ќе потпише договор на две години и сега се чека само официјална потврда.