Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најеминентните спортски медиуми „ЕСНПН“ денеска објави дека од редовите на Барселона ја стокмиле понудата која ќе ја испратат до ПСЖ за да го добијат потписот на Нејмар.
Уште утрово излезе информација дека претставници на каталонскиот клуб на чело со Ерик Абидал се во Франција каде ќе преговараат за трансферот на Нејмар на „Камп Ноу“.
Сега излезе и понудата која Барса ќе ја испрати до францускиот клуб, а таа гласи: Иван Ракитиќ, Фелипе Кутињо плус 100 милиони евра.
Бидејќи Нејмар сака да си замине од клубот, од ПСЖ сериозно ќе размислат и веројатно ќе ја прифатат оваа примамлива понуда на шпанскиот тим.