Еуфорија во Шпанија: Мбапе стигна во Мадрид! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе наскоро би можел да потпише договор со Реал Мадрид, откако такво нешто се најавуваше веќе со месеци, а еуфорија во Шпанија се создаде откако тој стигна во главниот град на Шпанија.

„Ле Паризиен“ тврдеше дека Мбапе се договорил со ПСЖ за договор на уште две сезони, но тоа го демантираше неговата мајка, која порача дека се отворени за преговори.

Потоа следеа шпекулации дека ќе се водат преговори во Мадрид, а пристигнувањето на Мбапе во главниот град на Шпанија предизвика дополнителна возбуда кај „карлевите“.

Ова може да биде најава дека наскоро ќе биде потврден еден од најголемите трансфери за ова лето.