Еурофарм си направи од готово- вересија: Прокоцка огромна предност и со пораз се враќа од Шведска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Еурофарм Работник забележа нов, втор пораз во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Фармацевтите“ со 25:24 загубија на гостувањето во Шведска кај Савехов иако имаа огромна предност на полувреме.

Избраниците на Стефче Алушовски на пауза заминаа со предност од пет гола (15:10), но истата ја изгубија со катастрофалната игра во вториот дел.

Најпрецизен во редовите на Еурофарм беше Ловро Јотиќ со осум постигнати голови, додека со три натпреварот го завршија Бојан Маџовски и Милан Ѓукиќ.