Евертон договори големо засилување од Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на манчестер јунајтед, Дони Ван Де Бек во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Евертон, а информацијата ја објави познатиот новинар Фабрицио Романо, кој ретко греши за трансфери.

Холанѓанецот, кој стигна во Манчестер во 2020 година за 39 милиони евра, никогаш не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“, па поради тоа позајмица беше логично решение.

За услугите на 24-годишниот фудбалер беа заинтересирани неколку тимови, меѓу кои и Кристал Палас, но сепак Холанѓанецот се приклучи на Евертон, кој ќе ја исплаќа цела негова плата.

Евертон во текот на денот треба да го промовира и новиот тренер, Франк Лампард, кој претходно имаше неуспешна авантура во Челси, но сега ќе се обиде да го извлече тимот од „Гудисон парк“ од борбата за опстанок.