Евертон гради супер тим од 130 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Евертон од наредната сезона би можела да биде тежок противник за секој клуб од Премиер лигата.

На “Гудисон Парк” се спрема нешто големо. После денешната најава дека “Карамелите” се заинтересирани да го купат Бруно Мартинс Инди, јасно е дека управата на

Евертон оди кон тоа да потроши сериозна сума на пари за создавање на силен тим кој би играл сериозна улога во Премиер лигата.

Проценките се дека Куман во овој преоден рок би можел да потроши околу 130 милиони евра, а споменатиот Мартинс Инди би можел да чини околу 10 милиони.
Значително поголеми “ѕверки” претставуваат Аксел Витсел (Зенит), Хуан Мата (Манчестер Јунајтед), Квинси Промес (Спартак Москва) и Марко Арнаутовиќ (Стоук).

Најмалку промени би биле направени во одбраната каде што Инди би им се придружил на Колман, Стоунс и Бејнс. Витсел би бил во средината заедно со Рос Баркли, а пред нив би играл Хуан Мата.

Триото во нападот би било составено од Квинси Промес, Марко Арнаутовиќ и Ромелу Лукаку како најистурен.