Евертон и Милан во јануари ќе направат голема замена на играчите?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата клубови не се задоволни со формата на своите играчи.

Евертон според извештаите на италијанските медиуми можно е во јануари да направи голема замена на своите играчи со играчите на Милан.

Медиумот Calciomercato пишува дека тимот од Гудисон Парк може да им го понуди Моисе Кин на Милан, а Пјатек можно е да патува во Ливерпул.

Младиот Кин ова лето пристигна од Јувентус во Евертон за 27.5 милиони евра, но се воспостави дека тоа беше голема грешка.

Од почетокот на сезоната 19-годишниот фудбалер има одиграно 11 натпревари за англискиот клуб, но сеуште нема постигнато погодок и поради тоа јасно е зошто тој можно е во јануари да го напушти клубот.

Од другата страна, на Пјатек оваа сезона не му оди како што треба во дресот на Милан бидејќи во 12 натпревари има постигнато само три погодоци.

Неодамна се појави информација дека Милан полека го губи трпението со Пјатек и дека го предупредиле доколку не ја поправи својата форма, веќе во јануари можно е да го напушти Сан Сиро.