Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Во досегашниот тек од ЕП во фудбал најмногу голови во дресот на својата репрезентација постигнаа фудбалери на актуелниот клупски шампион, Реал Мадрид.
Велшанецот Герет Бејл го дели првто место на листата на стрелцо со Шпанецот Алваро Мората, кој е дете на Реал и неговото враќање на Бернабе од Јувентус во ова лето е на големо приказна. Двајцата на своето конто имаат по три гола.
Интересно, иако на ЕП гои нема центарфорот на Реал Мадрид Карим Бензема, кој Диего Дешам го изостави поради добро познатата афера со Матје Валбуена, играчите на Кралскиот клуб се во предност по бројот на постигнати голови.
Мерегенсите водат на листата на клубови со шест постигнати погодоци, со споменатите три на Бејл, два постигна Кристијано Роналдо и еден Лука Модриќ. Поголем дел од овие беа евроголови.
Во прилог погледнете го одличниот Инфографик, попис на сите стрелци во досегашниот дел од шампионатот и класифицирани во три категории.
Првата вклучува класична листа на стрелци, со секоја репрезентација сто и клубот чии бои ги брани, втората е рангирање на клубовите по бројот на голови кои ги постигнаа нивните играчи, а третата е подредена по лигите во која настапуваат фудбалерите кои ја погодиле мрежата.