Ф1 во 2024 година ќе има рекордни 24 трки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Љубителите на Формула 1 во 2024 година ќе уживаат во 24 трки, а сезоната ќе трае од февруари до декември.

Во календарот се предвидени 24 трки, односно две повеќе во однос на оваа година, па затоа и сезоната ќе трае подолго.

Како што најавија од Ф1, се очекува да има три ноќни трки, а ќе се вози и во сабота на првата и втората трка во сезоната.

Сезоната ќе почне со трката во Бахреин од 29 девруари до 2 март, а потоа се сели во Саудиска Арабија од 7 до 9 март. Додека крајот на сезоната е предвиден за 6-8 декември во Абу Даби.