Фабрицио Романо со нови детали за трансферот на Белингам во Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид долго време се обидува да го купи Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, а познатиот новинар Фабрицио Романо објави нови детали.

Договорот нема да потпише во текот на оваа недела затоа што Дортмунд се бори за титулата и тоа го почитува Рела Мадрид, но потоа ќе биде комплетиран трансферот кој ќе чини 100 милиони евра плус бонуси.

Белингам ги договорил личните услови и ќе остане во Мадрид до 2029 година, а Брахим Диаз нема да биде вклучен во трансферот, иако имаше такви шпекулации во шпанските медиуми.

Англискиот репрезентативец ќе се фокусира на домашното првенство, каде што со Дортмунд ќе се обиде да ја освои титулата во Бундеслигата по долга пауза.