Фацата на Меси откако дозна дека Бартомеу си даде отказ ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозеп Марија Бартомеу ги израдува навивачите на Барселона, откако соопшти дека повеќе нема да биде претседател на каталонскиот гигант.

Бартомеу веќе долго време беше на удар на јавноста и навивачите, поради состојбата во која се наоѓа клубот, но тој одбиваше да даде отказ.

Сепак, на крајот потклекна под притисокот и си поднесе оставка, а тоа ги израдува навивачите, но и аргентинската ѕвезда Лионел Меси, кој не беше во добри односи со поранешниот прв човек на Каталонците.

Меси поради Бартомеу сакаше да го напушти клубот и побара раскин на договорот. Но навивачите се надеваат дека Аргентинецот сега ќе се предомисли, откако Бартомеу си замина.

На социјалните мрежи се појави слика која била направена веднаш по оставката на Бартомеу, па може да се забележи среќата на лицето на Меси.