Фати доживеа неверојатен срам, се јави и Гризман, а Барселона поднесе тужба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати доживеа големо понижување по мечот против Фернцварош во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Еден шпански новинар расистички го навреди талентираниот фудбалер, а во текстот го спомена како „црн мигрант“, како и „уличен продавач кој бега од полиција“.

Откако овој текст беше објавен, Барселона реши да реагира и најави тужба против новинарот за расизам, а меѓу првите кои се јави беше Антоан Гризман, кој застана во одбрана на помладиот колега.

„Ансу е посебно момче и заслужува почит, како и секое друго човечко суштество. Не расизам и непочит“, порача Гризман.