Федерер направи проблем: Го понижи Чилиќ, па се караше со судијата! 🎥

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер по четири сета го совлада Марин Чилиќ и обезбеди место во третото коло од Рола Гарос, но мечот го одбележа и неспортска ситуација на поранешниот најдобар тенисер.

Федерер не влезе добро во вториот сет против Хрватот, па го искористи моментот да ја одложи паузата меѓу поените за да успее да се сконцентрира, но тоа го налути судијата.

Судијата му даде предупредување на Федерер, зашто Хрватот се подготвуваше за сервис, а Швајцарецот во тој момент реши да се прошета по пешкирот, по што се скара и со главниот судија.