Федерер по големата победа: Мојот план за игра функционираше перфектно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер синоќа го порази Новак Ѓоковиќ во 3. коло во групната фаза на завршниот мастерс во Лондон со 2:0 во сетови.

Ова беше еден од најдобрите натпревари на Роџер за оваа сезона со кој од теренот го исчисти едниот од неговите најголеми ривали и по натпреварот го изјави следново:

„Влогот беше огромен. Излегов и сервирав добро. Мојот план за игра функционираше перфектно. Се надевам дека ова нема да биде последна партија против Новак. Ова беше навистина добра игра од моја страна. Секогаш се игра подобро како што одминува турнирот “.

Што беше подруго во однос на финалето на Вимболдон кое го изгуби?

„Сега ја искористив меч топката“, прокоментира Федерер низ смеа.