Федерер почна со тренинзи пред да се врати на тениските терени! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер повторно се враќа на тениските терени, откако на социјалните мрежи објави снимка на која може да се забележи како тренира.

Еден од најдобрите тенисери во историјата последниот меч го одигра во четвртфиналето на Вимблдон во 2021 година, по што замина на операција на коленото.

Федерер има 41 година, но не се откажува од тенисот, па неодамна најави дека ќе се врати на Лејвер Купот, кој е на програмата од 23 до 25 септември.

Швајцарецот покажа желба и да заигра на турнирот во својот роден град Базел во октомври, а за учество на другите турнири мора да чека специјални покани.